## ПОБРЗ, ПОВИСОК, ПОСИЛЕН – ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАСТ НА CESEE

## Source details

**Canonical URL:** [ПОБРЗ, ПОВИСОК, ПОСИЛЕН – ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА РАСТ НА CESEE](https://www.imf.org/-/media/websites/imf/imported-flagship-issues/external/country/mkd/rr/2013/_macedoniapdf.pdf)

## Other formats

- [Markdown version](/-/media/websites/imf/imported-flagship-issues/external/country/mkd/rr/2013/_macedoniapdf.pdf.md)
- [Structured JSON version](/-/media/websites/imf/imported-flagship-issues/external/country/mkd/rr/2013/_macedoniapdf.pdf.json)

---

### Краток преглед
- Финансиските пазари во Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) се под притисок уште од почетокот на оваа пролет.
- Влијанието е поголемо врз земјите со послаби основи и оние што претходно имале огромни приливи.
- Клучно е да постои подготвеност за справување со нов бран, што би можел да се трансферира во значителен финансиски притисок кај некои земји.
- Овој бран исто така предизвикува ризик за опоравувањето.

### Макроекономски состојби и перформанси
- Земјите на CESEE почнуваат да излегуваат од втората рецесија за период од четири години, имајќи бенефит од растот во Еврозоната.
- Просторот за контра-циклични политики е ограничен во многу земји поради зголемени фискални дефицити и јавни долгови кои бележат тренд на нагорна линија.
- Притисоците врз девизните курсеви би можеле да го стеснат просторот за монетарната политика.
- Во изминатите пет години растот во земјите на CESEE се покажа прилично послаб од претходните очекувања:
  - БДП порасна со годишен просек од само 0,5 проценти.
  - Ова е прилично под 5 проценти колку што се предвидуваше во пролетта 2008 година.
- Слабите перформанси се резултат пред се на понискиот потенцијален раст што најмногу се должи на:
  - слабите инвестиции од страна на компаниите, поради слабата побарувачка за нивните производи;
  - помалите финансиски можности;
  - потребата за прилагодување на билансите следствено на неодржливливиот предкризен инвестициски бум.
- Гледано нанапред, пречките за раст на производството се значителни:
  - капиталните текови, особено од страна на западно-европските мајки-банки, најверојатно ќе останат на ниско ниво;
  - растот кај трговските партнери на земјите од CESEE се предвидува да остане скромен;
  - работоспособното население се повеќе ќе се намалува.

### Прашања поврзани со финансискиот сектор и политика
- Здравиот финансиски сектор е од клучно значење за обезбедување кредит и промовирање на раст.
- Намалувањето на пречките во правната, судската, даночната и регулаторната рамка за решавање на нефункционалните кредити ќе го олесни реструктуирањето на индустриите и исчистувањето на билансите на банките.
- Обновата на фискалните амортизери ќе ги намали премиите за ризик и трошоците за позајмување, имајќи поволни ефекти за приватниот сектор.

### Препораки за политика (финансии, структура, пазар на труд)
- Справување со наследството од кризата:
  - Решавање на нефункционалните кредити преку олеснување на правни и регулаторни механизми.
  - Обнова на фискалните амортизери за намалување на премии за ризик и трошоци за позајмување.
- Унапредување на секторот на размена:
  - Поотворени економии постигнуваат повисок раст според емпириските истражувања.
  - Поблиската интеграција кон глобалните текови на снабдување ќе донесе побрз трансфер на технологии и ќе ја забрза конвергенцијата на доходот.
- Подобрување на инвестиционата клима:
  - Поедноставување на регулативата и зајакнување на конкуренцијата.
  - Заштита на инвеститорите и спроведување на договорите како приоритети.
  - Во некои земји, реструктуирање и/или приватизација на големите претпријатија во државна сопственост-загубари, и зајакнување на управувањето и транспарентноста.
- Обезбедување добро функционирање на пазарот на трудот:
  - Високата стапка на невработеност има голема структурна компонента.
  - Подобрување на активните политики на пазарот на трудот за преквалификација и прераспоредување на вработените.
  - Можна потреба за реформа на стручната обука и на високото образование.
  - Подобро таргетирање на надоместоците за невработеност и социјалните програми за подобрување на резултатите на пазарот на трудот.

*CESEE REI FALL 2013, ОКТОМВРИ 2013*

---


_Source: https://www.imf.org/-/media/websites/imf/imported-flagship-issues/external/country/mkd/rr/2013/_macedoniapdf.pdf_
